Тампа, Флорида, САД, 03-05.12.2024 година – КИНГ ИЦТ е горд спонзор на конференцијата NATO Edge 24, настан кој ги собира најголемите експерти од областа на сајбер безбедноста и одбраната. Конференцијата дава единствена можност за дијалог за иднината на одбраната и безбедноста и зајакнување на соработката помеѓу НАТО и приватниот сектор.
За КИНГ ИЦТ, ова спонзорство претставува природно продолжение на долгогодишната успешна соработка со Агенцијата НЦИ (Агенција за комуникации и информации на НАТО), со која веќе неколку години соработува на бројни стратешки проекти во областа на сајбер безбедноста.
„Наша чест е да поддржиме конференција како што е NATO Edge 24 и со тоа дополнително да ја нагласиме нашата улога како сигурен партнер на Алијансата во областа на информациската безбедност и сајбер одбраната, каде што нашата експертиза е добро препознаена. Како компанија која активно се развива, нуди и спроведува иновативни решенија во областа на сајбер безбедноста, сметаме дека е важно да бидеме дел од глобалната платформа која ја поттикнува соработката меѓу НАТО и приватниот сектор“, нагласи Жељко Галиќ од КИНГ ИЦТ.
ПОВЕЌЕ ОД 2.000 УЧЕСНИЦИ
Конференцијата собра повеќе од 2.000 учесници и обезбеди серија пленарни седници, тематски дискусии, иновациски презентации и говори на истакнатите експерти. Фокусот беше ставен на тековните и идните оперативни предизвици донесени од технолошките иновации и на стратешките партнерства кои ја зајакнуваат колективната безбедност и отпорност на НАТО алијансата. Главните теми ги опфатија најновите технологии кои го трансформираат теренот на сајбер светот, стратешките партнерства кои ја зајакнуваат колективната безбедност, увидот во иднината на одбраната и можностите за придонес во мисијата на НАТО.

Robert Šikić, Sendi Radić, Željko Galić, Nino Talian

